Tour overview

КАПАЦИТЕТ:  соби. 1/2, 1/3

ПРОМО ЦЕНА 189 евра по лице со уплата на 30% до 15.06

Евиа, втор по големина остров во Грција или трет на источниот Медитеран, се наоѓа на околу 490 км оддалеченост од Скопје. Богатата флора и фауна, поволните климатски услови, долгата сезона, мноштвото убави плажи и термални извори, ја прават Евиа една од најпопуларните дестинации помеѓу домашното население. Главниот град на островот е Халкида, кој во минатото бил еден од најразвиените и највлијателните градови во Античка Грција. Овој остров е богат со археолошки наоѓалишта, манастири, традиционални села, како и повеќе хотелски комплекси. Со своите туристички содржини, нуди различни можности за богат одмор и забава. Најпопуларни туристички места на островот се гратчињата Пефки, Лимни и Едипсос.

ЕДИПСОС
Едипсос е едно од најстарите и најмодерни летувалишта во Грција. Целосното име на местото е Лутра Едипсос и се спомнува уште од времето на Аристотел. Се наоѓа на северозападот на островот на Егејското море и има околу 6000 жители. Местото е познато по термалните извори со температури од 34 до дури 70 степени. Со оглед на тоа дека е банско место, ноќниот живот не е едноличен. Преполн е со кафулиња, барови, ресторани, а и младите се почесто го посетуваат поради пристапните цени. Едипсос е место кое живее во текот на целата година, а од пристаништето е оддалечено се на се 20 километри.

ХОТЕЛОТ ГАЛИНИ 2* е сместен на неколку метри од морето во областа Агиос Николаос во местото Едипсос. Објектот има снек бар и соби со поглед на морето, планината или градината. Во целиот објект има достапен бежичен интернет. Сите соби во објектот Галини имаат едноставен и убаво уреден ентериер. Опремени се со ТВ, клима (вклучена во цената), мини фрижидер. Исто така имаат тоалет со туш и сопствена тераса. Во барот се служи кафе, пијалоци и лесни ужинки, а постои и можност за уплата на полупансион или поединечни оброци. Пристаништето и почетокот на главната улица се наоѓаат на околу 800 метри, а центарот на градот Лутра се наоѓа на 1 километар. Оваа локација особено е добро прифатена од страна на паровите кои дале оценка од 8,9. Хотелот располага со двокреветни и трокреветни соби.

На располагање се два термина:
21.07-30.07 и 30.07-08.08 (9 ноќевања)
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ИЗНЕСУВА 219 евра по лице
ПРОМО ЦЕНА 189 евра по лице со уплата на 30% до 15.06

 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВA:

-9 ноќевања во еден од избраните хотели во местото Едипсос, остров Евиа
-Автобуски превоз на дадената релација
-Туристички придружник за време на патувањето

 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

-Задолжителна доплата за траект 10 евра по лице (повратен) се плаќа во автобус
-Задолжително патничко осигурување 
-Задолжителна доплата за туристичка такса од 0,50 центи по лице од ден.

НАПОМЕНИ:

-Цените се однесуваат на едно лице за 9 ноќевања во еден од избраните хотели, автобуски превоз
-Задолжителна доплата за траект во двата правци 10 евра по лице – се плаќа во автобус
-Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА  туристичка такса од 0.50 центи по лице на ден.
-Можност за доплата за појадок 4 евра од ден по лице и за појадок и вечера (полупансион) 10 евра по лице од ноќ
-Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата.
-Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
-За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
-За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
-Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата
-Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 5 евра (освен првите две).

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:

-Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
-Дете од 3 до 12 години кога е придружувано од двајца возрасни на трет кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот. Кога е едно дете со еден возрасен се плаќа полната сума на аранжманот.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

Поаѓање од Скопје во вечерните часови. Следува ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во утринските часови на пристаништето Глифа. Возење со траект околу 50 минути. Возење до Едипсос и сместување во хотелите. За време на вашиот престој ќе има секојдневни организирани програми: дневни и ноќи забави во дискотеки на отворено и ноќни клубови. Можност за посета и на Атина и бројните острови Скијатос, Скопелос, Вулканските острови и многубројните плажи на островот.
Последниот ден, напуштање на собите во договорено време и поаѓање кон Македонија.

ЗА НАШИТЕ ПАТНИЦИ ШТО НЕ СЕ ОД СКОПЈЕ:

Сакате да патувате со нас, а ве загрижува фактот дека нашата агенција се наоѓа во Скопје. Нема никаков проблем околу тоа. Како што работевме досега, така продолжуваме и понатаму. Со патниците коишто не живеат или не се наоѓаат во Скопје ние комуницираме преку фејсбук месенџерот, вајбер или инстаграм. Вашите пасоши коишто ни се потребни за склучување на договорот ни ги праќате во директна порака на фејсбук со еден клик ОВДЕ, а ние во истата порака ви го испраќаме потпишан и скениран договорот и ваучерот. Што се однесува до упатата? Истата можете да ја извршите во најблиската пошта или банка на следнава жиро сметка: (ЕВРОТО СЕ ПРЕСМЕТУВА ПО 62 ДЕНАРИ).

НАЈДОБРОНАМЕРЕН СОВЕТ:

НАПОМЕНА: Не чекајте го послединот ден за да го искористите попустот за рана резервација бидејќи истиот може да се прекине и порано поради распродажба на капацитетите и тоа токму за периодот кој што Вас Ве интересира.

ID 030

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
Download pdf brochure