Tour overview

Пролом Бања се наоѓа во Јужна Србија, на падините на Радан планина. Тоа првенствено е познат по неговотa лековитa Prolom вода, кои припаѓаат на ретка група на висока бањска вода со вредности: висок алкална (pH 8,8 до 9.2), ниска (сув остаток од 148 mg / l) бикарбонат. Со цел да ве приближиме до овој уникатен подарок на природата, ви овозможивме да ја користите  Пролом  водата насекаде во хотелот. За лечењето со Prolom вода се засноваат сите наши здравствени програми. Ефектот од третманот се зголемува со примена на  физички третман, соби со чист и свеж воздух  и прошетка  низ недопрената природа на Prolom бања.Надморска височина (550-668 м) и умерено-континентална клима со многу сончеви денови во годината  придонесуваат за уште подобар одмор.

ПРВ ДЕН 06.12.2020  СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА

Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај хотел ВИП спроти саем. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања, пречек од вработените на хотелот Радан и сместување по соби. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на содржините на хотелот. Вечера. Ноќевање.

ВТОР ДЕН 07.12.2020  ПРОЛОМ БАЊА

Појадок. Заминување на организиран претпладневен излет со локален водич до локалитетот Ѓавола Варош, мистичен споменик на природата, околу кој се врзани повеќе легенди, избран е во ТОП 77 во изборот за најголемите чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за одмор и релаксација во СПА центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН 08.12.2020  ПРОЛОМ БАЊА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Организирана прошетка со локален водич до единствената црква – брвнара во овој крај, црквата Лазарица, светски позната по единствениот мистичен феномен, 6те стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе. Заминување кон Македонија во 13:00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерни часови.

 

Цена на аранжманот за резервации до 25.11.2020 – 120€

Редовна цена на аранжманот – 130€

 

Во цената на аранжманот е вклучено:
  • Превоз со туристички автобус на наведената;
  • Сместување во Хотел Радан 3*  во двокреветни соби на база 2 ноќевања (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса);
  • Исхрана на база полн пансион шведска маса за појадок, ручек и вечера со сервирање;
  • Kористење на Велнес Центар: отворено – затворен базен,  сауна, солена соба, џакузи, парна бања, тепидариум;
  •  Користење теретана и фитнес сала;
  •  Користење сала за рекреација (биљард, пинг понг, пикадо);
  • Излет до Ѓавола Варош со локален водич со вклучен автобуски превоз и влезница;
  •  Излет до црквата Лазарица со локален водич;
  •  Туристичка такса;
  • Организација и реализација со туристички придружник.
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
  • Задолжително патничко осигурување.
  • Индивидуални трошоци (масажи, пијалок и останати неспоменати услуги).
УСЛОВИ ЗА ДЕЦА И ВОЗРАСНИ:
  • Дете 2-8,99 год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет (фотеља на спуштање)  бесплатно во хотел плаќа само превоз 25€ 
  • Дете 9-13,99год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет (фотеља на спуштање)  плаќа 50% од цената на возраасен 60€ (на барање)
  • Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума 125€ (на барање)
  • Доплата за еднокреветна соба 30€ (на барање)
  • Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€ (мин. 2 седишта)
  • Доплата за дополнително седиште во автобус -35€
  • Намалување за сопствен превоз -10€ од патник.
НАПОМЕНИ :
  • За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
  • За реализација на патувањето потребен е минимум од 30 патници.  
  • За ова патување не е потребен PCR тест.
  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај.
  • За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
  • За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
  • Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
ВИ ПОСАКУВАМЕ  ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
Download pdf brochure