Tour overview

Пролом Бања се наоѓа во Јужна Србија, на падините на Радан планина. Тоа првенствено е познат по неговотa лековитa Prolom вода, кои припаѓаат на ретка група на висока бањска вода со вредности: висок алкална (pH 8,8 до 9.2), ниска (сув остаток од 148 mg / l) бикарбонат. Со цел да ве приближиме до овој уникатен подарок на природата, ви овозможивме да ја користите  Пролом  водата насекаде во хотелот. За лечењето со Prolom вода се засноваат сите наши здравствени програми. Ефектот од третманот се зголемува со примена на  физички третман, соби со чист и свеж воздух  и прошетка  низ недопрената природа на Prolom бања.Надморска височина (550-668 м) и умерено-континентална клима со многу сончеви денови во годината  придонесуваат за уште подобар одмор.

ПРВ ДЕН 05.12.2020  СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА

Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај хотел Вип спроти саем. Поаѓање за Србија во 06 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на  царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне, пречек од вработените на хотелот Радан и сместување по соби. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес Центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.

ВТОР ДЕН 06.12.2020  ПРОЛОМ БАЊА

Појадок. Организирана прошетка низ Пролом Бања до единствената црква брвнара во овој крај, Лазарица, позната по единствениот светски мистичен феноме, 6 стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе.  Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за индивидуални активности можност за користење на Велнес Центарот на хотелот. Предлог попладневно капење во внатрешно/надворешниот базен со прекрасна панорама кон падините на планината Радан, по капењето користење топли клупи тепидариум. Вечера. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН 07.12.2020  ПРОЛОМ БАЊА

Појадок. Ден предвиден за организирана посета со автобус и локалет водич (дококу временските услови се поволни) до локалитетот Ѓавола Варош, мистичен споменик на природата, околу кој се врзани повеќе легенди, споменикот е избран во ТОП 77 од изборот за најголемите чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Можност за користење на СПА услугите на хотелот. Предлог: 30 минути во солена соба, 30 минути во сауна и ладен туш, релаксација во џакузи. Вечера. Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН 08.12.2020  ПРОЛОМ БАЊА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување кон Македонија во пладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки поапатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерни часови.

Цена на аранжманот за резервации до 25.11.2020 – 150€

Редовна цена на аранжманот – 160€

 

Во цената на аранжманот е вклучено:
  • Превоз со туристички автобус на наведената релација;
  •  Сместување во Хотел Радан 3*  во двокреветни соби на база 3 ноќевања (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса);
  • Исхрана на база полн пансион шведска маса за појадок, ручек и вечера со сервирање;
  • Користење на услугите од Велнес Центар: отворено – затворен базен,  сауна, солена соба, џакузи, парна бања, тепидариум;
  • Користење теретана и фитнес сала;
  • Користење сала за рекреација (биљард, пинг понг, пикадо);
  • Излет до Ѓавола Варош со локален водич со вклучен автобуски превоз и влезница;
  • Излет до црквата Лазарица со локален водич;
  • Туристичка такса;
  • Организација и реализација со туристички придружник.
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
  • Задолжително патничко осигурување.
  • Индивидуални трошоци (масажи, пијалок и останати неспоменати услуги).
УСЛОВИ ЗА ДЕЦА И ВОЗРАСНИ:
  • Дете 2-8,99 год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет (фотеља на спуштање)  бесплатно во хотел плаќа само превоз 25€ (на барање)
  • Дете 9-13,99год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет (фотеља на спуштање)  плаќа 50% од цената на возрасен, 75€ (на барање)
  • Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума 150€ (на барање)
  • Доплата за еднокреветна соба 45€(на барање)
  • Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€ (мин. 2 седишта)
  • Доплата за дополнително седиште во автобус -35€
  • Намалување за сопствен превоз -10€ од патник.
НАПОМЕНИ :
  • За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
  • За реализација на патувањето потребен е минимум од 30 патници.  
  • За ова патување не е потребен PCR тест.
  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
ВИ ПОСАКУВАМЕ  ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
Download pdf brochure