Tour overview

Термин: 15.10-18.10.2019

Историски и модерен, космополитски центар, Милано е најдобриот избор за доживување на вистинската италијанската култура и ноќен живот. Посебно ги привлекува љубителите на модата од целиот свет, а посетата е задолжителна за сите во време на модната недела. Милано е динамичен град, започнете со аперитиво, лесен оброк и чаша вино, прошетка по Спига, низ Галерија Виторио Емаунуеле и заокружете го доживувањето со вкусен италијански специјалитет…во кујната на италијаните ништо не може да биде погрешен избор.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
ПРВ ДЕН: 15.10.2019 ВТОРНИК – СКОПЈЕ – МИЛАНО

Состанок  на групата на аеродромот во Скопје во 10.40 часот. Авионот за Милано полетува во 13.20, слетува во 15.20 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотел. Сместување. Слободно време за запознавање на елитниот град, еден од најразвиените урбани центри во Европа, модната престолнина што стои рамо до рамо со Њујорк, Лондон и Париз. Ноќевање.

ВТОР ДЕН: 16.10.2019 СРЕДА – МИЛАНО

Појадок. Разглед на убавините на градот: Замокот Сфорцеско, пешачката улица Данте, Плоштадот Дуомо и Катедралата Дуомо, Миланската Скала, градската куќа на Милано. Прошетка по најмонденската улица Спига со бутици од сите познати брендови. Високата мода е лоцирана во најпознатата модна икона Galleria Vittorio Emanuele, импресивна градба, фасада со царски лик, а внатрешноста плени со луксуз, во средината на Галеријата е поставен плоштад – октагон чиј под е украсен со прекрасни мозаици, симболите на главните градови на обединета Италија – Рим, Фиренца, Милано и Торино. Над октагонот е поставена стаклена купола висока 47 метри и околу неа се насликани мотиви кои ги претставуваат континентите: Европа, Африка, Азија и Америка. Можност запосета на Црквата Santa Maria delle Graziе. Слободно времеза кафе и секако препорачуваме посета на ресторан со вкусни италијански специјалитети… Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН: 17.10.2019 ЧЕТВРТОК – МИЛАНО – ЛУГАНО – КОМО

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Лугано, гратче во Швајцарија, на брегот на езерото Лугано под Алпите. “Швајцарско Монте Карло” назив кој го добил заради развиеното банкарство и богата понудата за забава. Прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија Parco Civico… Прошетката продолжува во посета на  живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, каде светскиот џет сет има свои вили,а филмските режисери ги направиле своитенајдобри филмски остварувања, као што е Џејмс Бонд – Казино Ројал. Враќање во Милано. Посветете “малку” време и на шопинг во центарот на модата, бидете дел од модната култура… Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН: 18.10.2019 ПЕТОК – МИЛАНО – СКОПЈЕ 

Појадок. Можност за посета на стадионот “Сан Сиро”. Трансфер до аеродромот Малпенса. Авионот полетува во 15.50, а пристигнувањето во Скопје е во 17.50 часот на аеродромот Александар Велики.

 

ПРОМО ЦЕНА до 30.09.2019: 199€ 
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 249€

 

Во цената на аранжманот е вклучено:
  • Авионски превоз на релација Скопје-Милано-Скопје
  • Рачен багаж (1 торба/куфер до 8 кг со димензии 40х30х20 см)
  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Милано
  • Сместување во Хотел 3* во Милано на база 3 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед и прошетки во Милано според програмата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
  • Патничко осигурување
  • Аеродромски такси 3.300 денари
  • Доплата за чекиран багаж – куфер до 10kg ОД 2.500 мкд *(цената може да се промени како наближува летот)
  • Посета на Лугано и Комо 50 евра
  • Туристичка такса 5 евра на ден (се плаќа во хотелот)
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • Доплата за еднокреветна соба 4.900 мкд
НАПОМЕНИ:

* За реализација на ова патување, потребен е минимум од 25 патници.

* За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 лица.

* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

* За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 15 дена пред поаѓање

* Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање.

* Агенцијата го задржува правото на промена на редослед на излетите и посетите.

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Т.А. БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена нараспоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.  

  • Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Балкан Експрес Травел.
                                                                                                                                                                                                     ID010
ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
  •