Tour overview

КАПАЦИТЕТ: 1/3, 1/3+1 aпп, 250 м од море. 

-20% за резервации со комплетни уплати до 19.01.2019 EB (First Minute)

Фурка е мало, но навистина интересно, живо селце на западната страна од првиот крак на Халкидики, Касандра. Оддалечено 123 км. од Солун и 181 км. од македонската граница.
Последните неколку години се повеќе барана туристичка дестинација.

Куќи NIKOS и ELENI се оддалелени околу 200-250 метри од море и се наоѓаат во многу мирен дел на Фурка. Двете се идентични, со мала разлика во однос на времето на реновирање. Апартманите содржат: комплетно опремена кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима (вклучена во цената), бесплатен интернет, тераса. Имаат двор со зеленило и паркинг.

ЦЕНОВНИК ЗА СЕЗОНА 2018/2019
Термин Ноќевања 1/3 апартман 1/3+1 апартман
26/5-2/6 7 195* 215*
2/6-12/6 10 335* 355*
12/6-21/6 9 355* 375*
21/6-30/6 9 395* 415*
30/6-9/7 9 435 455
9/7-18/7 9 475 495
18/7-27/7 9 495 525
27/7-5/8 9 495 525
5/8-14/8 9 495 525
14/8-23/8 9 495 525
23/8-1/9 9 465 485
1/9-11/9 10 415* 445*
11/9-21/9 10 375* 395*
21/9-1/1 10 235* 255*

Доплата за туристичка такса во Р.Грција, 0,50 € по соба на ден (се доплаќа во објектот).

НАПОМЕНИ: 
  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари. Истите се за наем на цело студио или апартман, за број на ноќевања кој е запишан во табелата.
  • ГРАТИС превоз за термините кои се обележани со ѕвезда (*), за останатите превозот се доплаќа:
    • За возрасни 2.170 мкд. (35 евра)
    • За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра)
    • Деца до 2 години бесплатно, без седиште
  • Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
  • Сликите кои се објавени на нашата веб-страница (www.nov.bet.mk) се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница (www.nov.bet.mk) е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени во канцелариите во Скопје, Бул. Јане Сандански бр. 82, локал 65, ТЦ. Бисер, Аеродром,
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Туристичката агенција „БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ“ има потпишано договори за фиксен (гарантиран) закуп на капацитетите наведени во оваа понуда.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, т.а. „БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ“ ги објавува информациите според меѓусебно потпишаниот договор со истите.
  • т.а. „БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ“ и на самата агенција.

За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ чиј член и еден од основачите е т.а. „БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ“.
Тимот на “БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ” ви посакува убаво и спокојно лето, пријатен престој и прекрасни спомени, секое добро драги пријатели.

ПРЕВОЗ:

ПРЕВОЗ: со придружник на групата, до местото кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусите.

ГРАТИС превоз за термините кои се обележани со ѕвезда (*), за останатите превозот се доплаќа:

  • За возрасни 2.170 мкд. (35 евра)
  • За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра)
  • Деца до 2 години бесплатно, без седиште.
ЗА НАШИТЕ ПАТНИЦИ ШТО НЕ СЕ ОД СКОПЈЕ:

Сакате да патувате со нас, а ве загрижува фактот дека нашата агенција се наоѓа во Скопје. Нема никаков проблем околу тоа. Како што работевме досега, така продолжуваме и понатаму. Со патниците коишто не живеат или не се наоѓаат во Скопје ние кумуницираме преку фејзбук месенџерот, вајбер или инстаграм. Вашите пасоши коишто ни се потребни за склучување на договорот ни ги праќате во директна порака на фејзбук со еден клик ОВДЕ, а ние во истата порака ви го испраќаме потпишан и скениран договорот и ваучерот. Што се однесува до упатата? Истата можете да ја извршите во најблиската пошта или банка на следнава жиро сметка: (ЕВРОТО СЕ ПРЕСМЕТУВА ПО 62 ДЕНАРИ).

НАЈДОБРОНАМЕРЕН СОВЕТ:

НАПОМЕНА: Не чекајте го послединот ден за да го искористите попустот за рана резервација бидејќи истиот може да се прекине и порано поради распродажба на капацитетите и тоа токму за периодот кој што Вас Ве интересира.

ID 029 

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
Download pdf brochure