Tour overview

ДОКУМЕНТИ ПОТРЕБНИ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ВИЗА
ЗА ПАТУВАЊЕ И ПРЕСТОЈ ВО РУСКА ФЕДЕРАЦИЈА

 

За патување во Руската Федерација неопходна е влезна виза за граѓаните од Р. Македонија,
којашто е валидна за периодот на Вашиот престој таму.
Визите се издаваат врз основа на гарантно писмо – ПОДДРШКА ЗА ВИЗА.

 

ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА РУСКА ВИЗА ПОТРЕБНИ СЕ СЛЕДНИТЕ ДОКУМЕНТИ:

  1. Пасош, важечки најмалку 6 месеци  од денот на поднесувањето на барањето;
  2. Визна поддршка од надлежните органи во Р.Ф. за времетраење на бараниот престој;
  3. Фотографија 3,5 х 4,5;
  4. Апликација за руска виза (се пополнува во нашата агенција);
  5. Патничко здравствено осигурување за целиот престој во Русија
  6. Такса за издавање на визата (подолу во табелата).


БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ ОБЕЗБЕДУВА:

  • ЕДНОКРАТНА ТУРИСТИЧКА ВИЗА ЗА ПРЕСТОЈ ДО 30 ДЕНА ВО Р.Ф.
  • ДВОКРАТНА ТУРИСТИЧКА ВИЗА ЗА ПРЕСТОЈ ДО 30 ДЕНА ВО Р.Ф.

 

ВАЖНА НАПОМЕНА:
Клиентите кои сместувањето во Русија ќе го резервираат во нашата агенција ПОДДРШКАТА ЗА ВИЗА Е БЕСПЛАТНА!

 

ТАКСА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РУСКА ВИЗА:

ВИД НА ВИЗА РЕДОВНА ПОСТАПКА (7 ДЕНА) ИТНА ПОСТАПКА (1-3 ДЕНА)
ЕДНОКРАТНА 50 USD по лице 100 USD по лице
ДВОКРАТНА 80 USD по лице 160 USD по лице

 

За други видови на визи и сите прашања врзано за престој во Руската Федерација Ве молиме контактирајте нѐ  на следните телефонски броеви:
+389 78 280 004

+389 (02) 2 443 555 или +389 (02) 2 453 555

 

ID 025

Download pdf brochure