Tour overview

ВОЛШЕПСТВАТА НА ДВЕТЕ ЧУДЕСНИ ПРЕСТОЛНИНИ НА ЦАРСКАТА РУСИЈА

ТРГНУВАЊЕ НА 17.04.2020 / ВРАЌАЊЕ НА 21.04.2020
5 ДЕНА / 4 НОЌЕВАЊА СО ПОЈАДОК

СМЕСТУВАЊЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА МОСКВА ВО ХОТЕЛ 5*
СМЕСТУВАЊЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА САНКТ ПЕТЕРБУРГ ВО ХОТЕЛ 4*

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

ПРВ ДЕН (17.04.2020): БЕЛГРАД – МОСКВА
Состанок на групата на аеродоромот Никола Тесла во Белград два часа пред летот.  Завршување на царинските формалности, лет за Москва  JU 650 во 06:35 часот. Слетување во 10:15 часот според локално време. Директно од аеродромот одиме на панорамски разглед на градот со автобус во придружба на стручен водич на српски јазик. Ќе ги видите: прочуениот Црвен плоштад, најпознатата московска улица – Тверска, Бољшој театарот, Новодевичкиот манаcтир, монументалното здание на Универзитетот Ломоносов, панормскиот видиковец Воробјови Гори од каде што Москва се гледа како на дланка, репрезентативната Мосфилмска улица во која се наоѓаат повеќето амбасади како и МОСФИЛМ – рускиот Холивуд, според кој авенијата и го добила своето име. Следат величенствениот меморијален комплекс на Поклонаја гора – ПАРКОТ НА ПОБЕДАТА, СЕДУМТЕ СЕСТРИ – седумте кули изградени во сталинистички стил, и сето тоа со живописно раскажување на нашиот водич за богатото минато и сегашниот живот на овој велеград. Трансфер до хотелот. Сместување во соодветни соби.  Враќање во хотел. Ноќевање.

ВТОР ДЕН (18.04.2020): МОСКВА  (СЕРГИЕВ ПОСАД)
Појадок. ФАКУЛТАТИВНО: Посета на Сергиев Посад (оддалечен 70 км од Москва, познат и како поранешен Загорск. Сергиев Посад е град во кој се наоѓа еден од најстарите, најважните и најголемите руски манастирски комплекси – Сергиевотроичката лавра, центар на руското православие и духовност, порано била резиденција на рускиот патријарх. Враќање во хотел. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН (19.04.2020): МОСКВА (КРЕМЉ) И РАЗГЛЕД НА ПЕТЕРБУРГ
Појадок. ФАКУЛТАТИВНО: Во придружба на стручен водич ќе ја посетиме територијата на Кремљ и храмовите: Успенскиот, Архангелскиот и Благовештенскиот. Ќе ги видите Цар-топ – излиен во XVI век, тежок 40 тони, Цар-камбана – најголемата камбана на светот, тешка 202 тони, висока 6,14 метри, и од надвор претседателската палата. Кремљ претставува поранешна резиденција на руските цареви. Доколку се укаже можност ќе  присуствуваме и на „смена на царската стража“.  Трансфер до железничката станица. Патување со попладневниот  брз воз до Санкт Петербург. Точното време на тргнувањето на возот зависи од возниот ред на Руските железници. По доаѓањето во Петербург од железничката станица одиме на панормаски разглед на градот со автобус без влегување во објектите, во придружба на професионален водич на српски јазик. Санкт Петербург е еден од најубавите градови во светот кој брои околу 5 милиони жители. Се наоѓа на брегот на Финскиот залив на делтата на реката Нева. Низ градот поминуваат 93 канали врз  кои се изградени 45 острови. Во периодот од 1712 – 1918 година Петербург бил главен град на Русија. Основан е во 1703 година од страна на рускиот цар Петар I за време на Северната војна која рускиот цар ја водел против Шведска. Разгледот ги вклучува следните знаменитости: Василевскиот остров со познатото здание на Петербуршка Берза, Универзитетскиот брег (дел од брегот на реката Нева), визуелниот симбол на градот – Бронзениот коњаник – споменик посветен на императорот Петар I, Исакиевскиот плоштад со монументалниот Исакиевски храм, Летната градина со прочуениот Летен дворец чија изградба започнала во 1704 година, крстосувачот „Аврора“ (воен брод од кој била изведена Октомвриската Револуција, а денес споменик на руската флота), величествениот Смољниј манастир,  Александро-Невската лавра,  Невскиот простект (еден од најубавите булевари во светот) со многу знаменитости вклучувајќи го и Казанскиот соборен храм од 1801 година. Разглед на црквата „Спас на крвта“, изградена на местото на убиството на Александар II (сами ќе процените дали нејзиниот творец бил поимагинативен од оној на црквата „Василиј Блажени“ која ја посетивме на Црвениот плоштад во Москва), куќата на рускиот цар Петар I – јадрото на Санкт Петербург – првото петроградско здание, неуништливата Петропавловска тврдина изградена за одбрана од нападите на Швеѓаните, како и многу други знаменитости со кои овој град изобилува и невозможно е да се споменат сите. Трансфер до хотелот, сместување во соодветни соби. ФАКУЛТАТИВНО: Пловење во гондолите или малите бротчиња низ познатите петербуршки реки и канали. Враќање во хотел. Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН (20.04.2020): САНКТ ПЕТЕРБУРГ (ЦАРСКО СЕЛО, ПЕТЕРХОФ)
Појадок. ФАКУЛТАТИВНО: Царско село – имотот и комплекс-резиденција на поранешното царско семејство. Се наоѓа на 30 км од Санкт Петербург. Ова единствено место зрачи со аристократски дух на најголемите руски владетели. Особено ќе ве воодушеви импресивната барокна палата – летната резиденција на царицата Катарина Велика, на чија декорација се потрошени 100 кг чисто злато. Секоја од 57-те дворани ќе ве воодушеви со својот раскош и луксуз, а од 2003 година е отворена и реконструираната Килибарна соба – сала во која секој детал е изработен од скапоцениот камен – ќилибар.
ФАКУЛТАТИВНО: Петерхоф/Петров дворец –  изграден на почетокот на  XVIII век. Оддалечен од Ст. Петербург 34 км. Познат е по своите раскошни фонтани со позлатени статуи, восхитувачките горен и долен парк, комплекс на царски резиденции. Разгледот вклучува посета на дворецот и прошетка низ паркот до Финскиот залив (Балтичко море).

ПЕТТИ ДЕН (21.04.2020): САНКТ ПЕТЕРБУРГ (ЕРМИТАЖ)
Појадок. ФАКУЛТАТИВНО: Ермитаж / Зимски дворец. Ова е можност да посетите еден од трите најпознати музеи на светот, чиј фундус брои над 3 милиони експонати и артефакти, што го прави и најголем на светот. Катерина II во 1764 година откупила 225 слики на холандски и фламански мајстори и ја оформила првата колекција на Ермитаж. Ќе издвоиме само некои од славните автори како што се:  Леонардо да Винчи, Рембрант, Моне, Сезан, Пикасо и др. Но Ермитаж не е само музеј (галерија), туку неговото главно здание – Палатата на Зимскиот дворец и самата претставува знаменитост.  Се состои од  повеќе зданија: Зимскиот дворец (поранешна зимска резиденција на руските императори со  сочуваните величествени ентериери), Малиот Ермитаж и Стариот Ермитаж (згради изградени во време на Катерина II за нејзината колекција на слики), Новиот Ермитаж (изграден во времето на императорот Николај). Дворецот располага со над 600 репрезентативни дворани. Овој разглед трае околу 3 часа.
 Трансфер до аеродромот Пулково, лет за Белград JU 675 во 21:35 часот. Слетувње на аеродором Никола Тесла во Белград во 23:20 според локалното време. 

термин: Хотели:
МОСКВА – GOLDEN RING 5*
САНКТ ПЕТЕРБУРГ  – MOSKVA 4*
Доплата за еднокреветна
17.04 – 21.04.2020 844 € ПО ЛИЦЕ ВО ДБЛ 99€

ДОКОЛКУ СТЕ БЕЗ ПАРТНЕР, АГЕНЦИЈАТА ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ВЕ СМЕСТИ СО ДРУГ ПАТНИК.

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
-Првата уплата е аванс од 40% при резервацијата, а остатокот од 60% се плаќа најдоцна 30 дена пред почетокот на патувањето;

-Можност на доплата на остатокот од 60% на три рати.
– Цената е дадена во евра, 1€ = 62.00 МКД.

ПОПУСТИ:
-Деца од 0-2 години плаќаат 80€ во придружба на две полноплатежни лица.
(Немаат свое седиште во авион и автобус, немаат свое легло во хотел);
– Деца од 2-12 години во придружба на едно возрасно лице во стандардна двокреветна соба користат попуст од 10%. (Имаат свое седиште во авион и автобус, имаат свое помошно легло во хотел во двокреветна соба);

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Виза за туристички престој во Руска Федерација;

– Авио превоз (економска класа) Белград-Москва/Санкт Петербург-Белград;
– Железнички превоз (економска класа) Москва/Санкт Петербург;

– Билет за експресниот/брз воз Москва – Санкт Петербург (економска класа);
– Багаж 23 кг – 1 куфер и рачен багаж кој се внесува во авионот. Секој килограм над дозволеното се наплатува; 
– Трансфери во Москва: аеродром-хотел, хотел-железничка станица и асистенција на придружникот при сместувањето;
-Трансфери во Санкт Петербург: железничка станица/хотел, хотел-аеродром и асистенција на придружникот при сместувањето;
– Сместување во Москва во хотел „GOLDEN RING“ 5* и „MOSKVA“ 4* во Санкт Петербург во двокреветни или еднокреветни стандардни соби, според уплатениот аранжман, на база ноќевање со појадок (шведска маса);
– Екскурзии: Панорамски разглед на Москва и Санкт Петербург;
– Услуги на придружник на групата и професионални локални водичи;
– Трошоци на организацијата на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– 25 евра по лице за девизен трансфер;
– Факултативни програми;

– Здравствено осигурување на територијата на Русија е задолжително (во агенцијата);
– Индивидуални трошоци.

ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ ЗА ПАТУВАЊЕТО:
– Во хотелските соби влегувањето е во 14.00 часот (постои можност порано влегување). Хотелите од оваа понуда се регистрирани, прегледани и категоризирани од страна на Националната туристичка асоцијација на Руската Федерација. Описите на хотелите се од информативен карактер и преземени се од  web-странатана хотелите; За евентуални отстапки и квалитетот на услугите во рамките на хотелите организаторот на патувањето не презема одговорност, тоа  зависи од самиот хотел;
– Се молат патниците да се информираат за точното време на поаѓањето два дена пред датумот на патување;
– Должината на слободното време за индивидуални активности во текот на програмата на патувањето зависи од објективни околности;
– Патници кои имаат странски пасош мораат сами да се информираат кај надлежните амбасади (конзулати) за гранични, визни и сите останати прописи кои важаат за земјата во која патуваат и да обезбедат содветни документи;
– При пријавувањето е задолжително доставување на податоци од пасош;
– Организаторот го задржува правото на промена на редоследот за реализација на програмата во зависност од другите објективни околности (метеж на граница, метеж во сообраќај, затворање на некои од објектите предвидени за разглед);
– Организаторот на патувањето го задржува правото во случај на промена на цената за превозот, да ја смени цената на аранжманот,како и во случај на недоволен број на патници (минимум 15 патници) да го откаже патувањето, за што е должен да ги извести патниците најдоцна 5 дена пред патувањето;
– Авио компанијата го задржува правото на промена на време на летот.

НАПОМЕНА – ВАЖНО:
Цената на аранжманот е важечка доколку копијата од пасошот ја доставите во агенцијата најдоца 33 дена пред патувањето.
-Доколку доставата биде 3 недели пред патувањето цената на аранжманот се зголемува за 5%, 2 недели пред патувањето за 10%, а 1 недела пред патувањето 20%.

– Општите услови на патувањето се составен дел на оваа програма и се молат сите патници да ги прочитаат внимателно пред поаѓање на патувањето. Организаторот на патувањето смета дека патникот е запознат со Општите услови на патување, со самото потпишување на пријавата (договорот) на патување и со уплата на аконтацијата.

ЦЕНА НА ФАКУЛТАТИВНИ РАЗГЛЕДИ ВО МОСКВА: 10 патници
Кремљ 30€
Сергијев посад 40€
Панорама Бородинска битка 25€
Третјаковска галерија 30€
ЦЕНА НА ФАКУЛТАТИВНИ РАЗГЛЕДИ ВО  СЕНТ ПЕТЕРБУРГ: 10 патници
Ермитаж 35€
Царско Село – Пушкин 47€
Петерхоф горен и долен парк 37€

*Во цената е пресметан водич, метро или автобус и влезници.
*Истите може да се уплатат единствено однапред во агенцијата.

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ: Редоследот и времетраењето на факултативните излети се променливи, заради непредвидени метежи во сообраќајот во двата града како и слични околности. За помалку од 10 пријавени патници, излетите ќе бидат реализирани со јавен превоз-метро.

ОПИС НА ХОТЕЛИ:

GOLDEN RING 5*, Москва
Адреса: Смоленскаја бр. 5, Москва. Метро станица – Смоленскаја. Хотелот се наоѓа во Центарот на градот. Во непосредна близина се наоѓаат Црвениот плоштад и Кремљ.
Хотелот можете да го разгледате тука: http://www.goldenringhotelmoscow.com/

MOSKVA 4*, Ст. Петербург
Адреса: Проспект Александар Невски 2.
Метро: Плоштад Александар Невски. Хотелот ги пружа следните услуги: бизнис центар, паркинг, сеф, банкомат, ресторан, бар, кафе, ноќен клуб, казино, кино, фризер, џакузи, сауна, аптека, пошта. Секоја соба има: ТВ, телефон, фрижидер, бања, електронско затворање на врата, мини бар, сеф, сателитска ТВ, интернет.
Хотелот можете да го разгледате тука:  https://www.hotel-moscow.ru/

МАЛ ВОДИЧ:

Величенствената МОСКВА – центарот на православната филозофија и древните вредности – главен град на Руската Федерација, најголем и најзначаен политички, економски, културен и научен центар. Се наоѓа на листата помеѓу 10-те најголеми градови во светот, а според последниот попис Москва има речиси 12 милиони жители. Зазема положба на бреговите на реката Москва, широко распослана на ‘’седум ридови‘’. Легендата вели дека името Москва за прв пат се спомнува во летопис во 1147 година. Допирот со минатите времиња тука се чувствува на секој чекор. Додека шетаме низ воосхитувачките улици на Москва величествената архитектура живописно ни раскажува за најразновидните периоди на богатата руска историја, руската душа и бурното минато на руски народ.   Москва и нејзината околина се пребогати со знаменитости кои никако не смеете да ги пропуштите: Кремљ, Црвениот Плоштад, театарот Бољшој, Третјаковскаја галерија… Москва е единствен град на светот во кој што цели улици и квартови се претворени во музеи: Стариот Арбат, Знаменка, Остроженка… Секоја постојка од Московското метро е посебен музеј.

САНКТ ПЕТЕРБУРГ е еден од најубавите градови во светот кој брои околу пет милиони жители. Се наоѓа на крајбрежјето на Финскиот залив на делтата на реката Нева. Основан е во 1703 година од страна на рускиот цар Петар I за време на Северната војна која рускиот цар ја водел против Шведска. Градот го добил името по апостолот Павле кој е заштитник на градот. Во периодот од 1712 – 1918 година тој бил главен град на Русија. Низ градот поминуваат 65 реки и канали на кои се изградени 45 острови. Градот има 350 мостови и поради тоа се нарекува уште и „Северна Венеција“.

ЗА НАШИТЕ ПАТНИЦИ ШТО НЕ СЕ ОД СКОПЈЕ:

Сакате да патувате со нас, а ве загрижува фактот дека нашата агенција се наоѓа во Скопје. Нема никаков проблем околу тоа. Како што работевме досега, така продолжуваме и понатаму. Со патниците коишто не живеат или не се наоѓаат во Скопје ние кумуницираме преку фејзбук месенџерот, вајбер или инстаграм. Вашите пасоши коишто ни се потребни за склучување на договорот ни ги праќате во директна порака на фејзбук со еден клик ОВДЕ, а ние во истата порака ви го испраќаме потпишан и скениран договорот и ваучерот. Што се однесува до упатата? Истата можете да ја извршите во најблиската пошта или банка на следнава жиро сметка: (ЕВРОТО СЕ ПРЕСМЕТУВА ПО 62 ДЕНАРИ).

НАЈДОБРОНАМЕРЕН СОВЕТ:

НАПОМЕНА: Не чекајте го послединот ден за да го искористите попустот за рана резервација бидејќи истиот може да се прекине и порано поради распродажба на капацитетите и тоа токму за периодот кој што Вас Ве интересира.

ID 018 

ПРИЈАТНО ПРАЗНИЧНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
Download pdf brochure