Tour overview

КАПАЦИТЕТ: 1/2+2 апп, 1/4+2 мезонет, 200 м. од плажа

-15% за резервација и целосна уплата до 01.01.2020 EB (First Minute)
-10% за резервација и целосна уплата до 01.02.2020 EB (First Minute)
-07% за резервација и целосна уплата до 01.03.2020 EB (First Minute)
-05% за резервација и целосна уплата до 01.04.2020 EB (First Minute)
НАПОМЕНА: Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и
НЕ важат за првиот и последниот термин.

Вила “Anastasia 2” се наоѓа на околу 200m од плажа во центарот на Полихроно во мирна и слепа уличка, веднаш над малата црквичка односно позади хотел “Posedonio”. Нова вила со само еден апартман на приземје и еден мазонет на I кат.
– Апартманот на приземје околу 30м2 со една спална за 4 лица (брачен кревет во спалната и две единечни легла во кујна), комплетно опремена кујна со голем фрижидер со замрзнувач, трепезариска маса во дневната, клима вклучена во цената (поставена во дневната соба), купатило, масичка со столчиња во дворот, пред влезот на апартманот со поглед напред кон улицата и влезот на вилата.
– Мезонет на I кат околу 60м2 + две тераси за 6 лица. На први кат се наоѓа голема дневна соба со трепезариска маса, голема кујна со шпорет со рерна и голем фрижидер со замрзнувач, тросед на спуштање за 2 лица, LCD-TV, клима, тоалет, балкон со масичка со столчиња. На вториот кат со внатрешни скали се наоѓаат 2 спални соби (едната спална со брачен кревет и клима, другата спална соба со 2 оделни легла), купатило со када, балкон (со поглед напред на улицата и влезот на вилата) каде што и од двете спални се излегува.

ТЕРМИН
НОЌИ 1/2+2 АПП.
1 спална
1/4+2 Мезонет
2 спални
16.05.2020 7 60 45
23.05.2020 7 95 75
30.05.2020 7 135 95
06.06.2020 7 160 115
13.06.2020 7 180 130
20.06.2020 7 195 145
27.06.2020 7 215 160
04.07.2020 *7 405 595
11.07.2020 *7 425 625
18.07.2020 *7 455 655
25.07.2020 *7 455 655
01.08.2020 *7 455 655
08.08.2020 *7 455 655
15.08.2020 *7 425 625
22.08.2020 7 215 160
29.08.2020 7 165 125
05.09.2020 7 140 95
12.09.2020 7 110 75
19.09.2020 7 80 50
НАПОМЕНА:
  • –  Цените се дадени по лице за 7 ноќи 8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице во апартман / 5-то и 6-то лице во мезонет – БЕСПЛАТНО сместување;
  • –  Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз;
  • –  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • –  Во апартман/мезонет, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни;
  • –  Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
  • –  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
  • –  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • –  Организиран превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Струмица / Гевгелија;
  • –  Автобусот ги остава/зема патниците на околу 200m од вилата (на главниот пат кај вторите семафори);
  • –  Wi-Fi интернет и клима – БЕСПЛАТНО!!
  • –  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
  • –  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;
  • –  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
  • –  Доплата за туристичка такса – 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);
  • –  Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
  • –  Доплата за патничко осигурување.
ПРЕВОЗ:
Автобуски превоз ПОЛИХРОНО, според термини од табелата  Патни Информации
 Град на поаѓање  Mесто на поаѓање   Време на поаѓање Скопје – Полихроно (300km)
 Куманово:  (бензинска Макпетрол – автопат) 04:15h  Скопје – Тесалоники – Халкидики
 
 Автопат (Е75) 

 Трошоци во еден правец:
 Патaрини во Македонија (280ден)
 Патарини во Грција (2.60€)

 Скопје:  (паркинг пред VIP хотел наспроти саем) 05:00h
 Штип:  (паркинг пред нова пошта) 05:00h
 Велес:  (бензинска Макоил, мотел Македонија) 05:45h
 Струмица:  (бензинска Макпетрол – кружен) 06:00h
 Неготино:  (бензинска, Макпетрол) 06:15h
 Г.П. Богородица:  (бензинска, Oкта / Богородица) 07:00h
 Поаѓање од Полихроно:     14:10 по МК време / 15:10 по ГР време (на булеварот)
ЗА НАШИТЕ ПАТНИЦИ ШТО НЕ СЕ ОД СКОПЈЕ:

Сакате да патувате со нас, а ве загрижува фактот дека нашата агенција се наоѓа во Скопје. Нема никаков проблем околу тоа. Како што работевме досега, така продолжуваме и понатаму. Со патниците коишто не живеат или не се наоѓаат во Скопје ние комуницираме преку фејсбук месенџерот, вајбер или инстаграм. Вашите пасоши коишто ни се потребни за склучување на договорот ни ги праќате во директна порака на фејсбук со еден клик ОВДЕ, а ние во истата порака ви го испраќаме потпишан и скениран договорот и ваучерот. Што се однесува до упатата? Истата можете да ја извршите во најблиската пошта или банка на следнава жиро сметка: (ЕВРОТО СЕ ПРЕСМЕТУВА ПО 62 ДЕНАРИ).

НАЈДОБРОНАМЕРЕН СОВЕТ:

НАПОМЕНА: Не чекајте го послединот ден за да го искористите попустот за рана резервација бидејќи истиот може да се прекине и порано поради распродажба на капацитетите и тоа токму за периодот кој што Вас Ве интересира.

                                                                                                                                                                                                   ID 0  

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
Download pdf brochure