Tour overview

КАПАЦИТЕТ:  соби 1/2, 1/3, 

Закинтос – Тука се одморале Аполон и Артемида. Биле маѓепсани од тројанскиот принц Закинтос, кој прв го открил островот и по него по добило своето име. Поради природната убавина за него се бореле Римјаните, Византијците и Млеќаните. Се верувал дека островот прва го посетила Марија Магдалена, па оттука се проширило христијанството, кое е важен дел од нивната култура.
ЛАГАНАС – место за забава
Лаганас е место каде забавата не застанува. Со бројните клубови по главната улица, нејзината околина и плажите, местото е рај за забава. Големата песочна плажа од 9 километри дава голем избор за уживање. Островот е прилично мал, па така сите плажи се близу како Дафни, Агиос Николаус и Банана Бич. Најпозната е плажата Навагио или Shipwreck на која се наоѓаат остатоци од стар пиратски брод, а морето е како од бајка.
Плажите на Закинтос се познати по својата природна убавина и препознатливата смарагдна боја на водата. Најпозната е Навагио, која има бел, мек песок, тиркизно море, импресивна карпа која може да се посети само со брод. Останатите прекрасни плажи на Закинтос се Геракос, Агиос Николаус и Спанзиа.

ВИЛАТА КРИСТИНА: се наоѓа во Лаганас на мирна улица, оддалечена 150 метри од главната улица, и на 5 минути од плажата. Вилата има двокреветни и трокреветни соби и секоја има кујнски дел со решо и фрижидер, како и заедничка тераса. Некои од студијата имаат можност за изнајмување на клима со доплата, а користењето на сеф е вклучено во цената на аранжманот. Покрај вилата има маркет, а за љубителите на електронската музика во близина се наоѓа и клубот club Ocean Inn.

На располагање е само еден термин:
06.08-15.08 – ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ИЗНЕСУВА 239 евра по лице
ПРОМО ЦЕНА  219 евра по лице со уплата на 30% до 15.06

 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

-9 ноќевања во една од избраните вили, остров Закинтос
-Автобуски превоз на дадената релација
-Туристички придружник за време на патувањето

 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

-Задолжителна доплата за траект 15 евра по лице (повратен) се плаќа во автобус
-Задолжително патничко осигурување 
-Задолжителна доплата на туристичка такса 0.50 центи по соба од ден.

НАПОМЕНИ:

-Цените се однесуваат на едно лице за 9 ноќевања во една од избраните вили, автобуски превоз
-Задолжителна доплата за траект во двата правци 15 евра по лице – се плаќа во автобус
-Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА  туристичка такса од 0.50 центи по соба на ден.
-Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата 
-Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
-За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
-За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
-Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата
-Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 5 евра (освен првите две).
-Доплата за клима 5 евра од ден по желба
-Агенцијата не гарантира за брзината и квалитетот на интернетот во вилите.

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:

-Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
-Дете од 3 до 12 години плаќаат 50% од сумата доколку се сместени со две возрасни лица.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

Поаѓање од Скопје во договорено време. Ноќно возење со попатни застанувања за пауза и царински формалности. Во утринските часови пристигнување во пристаништето Килини, од каде се качуваме на траект и се возиме до островот Закинтос околу 90 минути. Потоа следува возење до Лаганас и сместување во апартманите. За време на престојот на Закинтос ќе има организирани програми: дневни и ноќни забави во дискотеките на отворено и ноќните клубови. Се посетува и градот Занте, плажата Агиос Николаос со забава на плажа, островот на желките, крстарење околу островот, Акваленд.

ЗА НАШИТЕ ПАТНИЦИ ШТО НЕ СЕ ОД СКОПЈЕ:

Сакате да патувате со нас, а ве загрижува фактот дека нашата агенција се наоѓа во Скопје. Нема никаков проблем околу тоа. Како што работевме досега, така продолжуваме и понатаму. Со патниците коишто не живеат или не се наоѓаат во Скопје ние комуницираме преку фејсбук месенџерот, вајбер или инстаграм. Вашите пасоши коишто ни се потребни за склучување на договорот ни ги праќате во директна порака на фејсбук со еден клик ОВДЕ, а ние во истата порака ви го испраќаме потпишан и скениран договорот и ваучерот. Што се однесува до упатата? Истата можете да ја извршите во најблиската пошта или банка на следнава жиро сметка: (ЕВРОТО СЕ ПРЕСМЕТУВА ПО 62 ДЕНАРИ).

НАЈДОБРОНАМЕРЕН СОВЕТ:

НАПОМЕНА: Не чекајте го послединот ден за да го искористите попустот за рана резервација бидејќи истиот може да се прекине и порано поради распродажба на капацитетите и тоа токму за периодот кој што Вас Ве интересира.

ID 030

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
Download pdf brochure