Tour overview

КАПАЦИТЕТ:  стд. 1/2, 1/3,   апп. 1/4

Кефалонија е најголемиот остров од групите Јонски острови. Името го добило според својот изглед (остров со глава) – кефало на грчки значи глава. Интересната историја најдобро ја опишал Луис де Бернијер во својот бестселер “Мандолината на капетанот Корели”. Истоимениот филм со познатите Николас Кејџ и Пенелопе Круз во главните улоги го прославил овој остров ширум светот. Кефалонија има околу 250 километри долга плажа, а најпознатата е во заливот Митрос, која е една од петте најубави плажи во целиот Медитеран. Островот се состои од два поврзани дела, источен и западен помеѓу кои се наоѓа заливот Аргостоли.
Плажа Миртос
Се вели дека не сте биле на Кефалонија ако не сте го посетиле ова место. Заштитниот знак на островот и една од најсликовитите плажи во Грција. Водата е нереално бистра и се гледа буквално секое камче на дното. Плажата е огромна и колку и да има туристи, можете да си најдете место за себе.

Скала
Скала е едно од најпосетуваните места на Кефалонија, а како не би било кога тука имате буквално се што ви треба за да имате совршен одмор: уредени долги плажи, ресторани, барови, таверни и тоа што е најважно, мирисот на морето. Плажата е мешана со ситни камчиња и песок.

ВИЛА АЛКИОНИ: се наоѓа на 30метри од плажата и главниот плоштад во Порос. Се состои од двокреветни, трокреветни студија и четворокреветен апартман. Собите имат кујна и тераса, како и можност за изнајмување на клима. Вилата се наоѓа на 750 метри (околу 9 минути) од базен кој е достапен за користење со конзумација. Вилата има интернет.

-22.06-01.07 – ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ИЗНЕСУВА 189 евра по лице,
ПРОМО ЦЕНА 159 евра по лице со уплата на 30% до 15.06
-03.09- 12.09 – ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ИЗНЕСУВА 199 евра по лице,
 ПРОМО ЦЕНА 169евра по лице со уплата на 30% до 15.06
-12.09-21.09 – ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ИЗНЕСУВА 179 евра по лице,
ПРОМО ЦЕНА 159 евра по лице со уплата на 30% до 15.06

 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

– 9 ноќевања во една од избраните вили, остров Кефалонија
-Автобуски превоз на дадената релација
-Туристички придружник за време на патувањето

 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

-Задолжителна доплата за траект 15 евра по лице (повратен) се плаќа во автобус
-Задолжително патничко осигурување 
-Задолжителна доплата на туристичка такса 0.50 центи по соба од ден.

НАПОМЕНИ:

-Цените се однесуваат на едно лице за 9 ноќевања во една од избраните вили, автобуски превоз
-Задолжителна доплата за траект во двата правци 15 евра по лице – се плаќа во автобус
-Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА  туристичка такса од 0.50 центи по соба на ден.
-Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата 
-Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
-За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
-За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
-Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата
-Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 5 евра (освен првите две).
-Доплата за клима 5 евра од ден по желба
-Агенцијата не гарантира за брзината и квалитетот на интернетот во вилите.

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:

-Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
-Дете од 3 до 12 години плаќаат 50% од сумата доколку се сместени со две возрасни лица.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

Тргнување во Скопје според дадениот датум во вечерните часови. Следува возење и попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Килини од каде се качуваме на траект до Порос. Сместување во апартманите. За време на престојот во Кефалонија ќе има организирани програми: посети на најубавите плажи, ноќни забави, посета на пештери и крстарења. Последниот ден од престојот во најавено време одјавување од апармтаните и враќање во Македонија.

ЗА НАШИТЕ ПАТНИЦИ ШТО НЕ СЕ ОД СКОПЈЕ:

Сакате да патувате со нас, а ве загрижува фактот дека нашата агенција се наоѓа во Скопје. Нема никаков проблем околу тоа. Како што работевме досега, така продолжуваме и понатаму. Со патниците коишто не живеат или не се наоѓаат во Скопје ние комуницираме преку фејсбук месенџерот, вајбер или инстаграм. Вашите пасоши коишто ни се потребни за склучување на договорот ни ги праќате во директна порака на фејсбук со еден клик ОВДЕ, а ние во истата порака ви го испраќаме потпишан и скениран договорот и ваучерот. Што се однесува до упатата? Истата можете да ја извршите во најблиската пошта или банка на следнава жиро сметка: (ЕВРОТО СЕ ПРЕСМЕТУВА ПО 62 ДЕНАРИ).

НАЈДОБРОНАМЕРЕН СОВЕТ:

НАПОМЕНА: Не чекајте го послединот ден за да го искористите попустот за рана резервација бидејќи истиот може да се прекине и порано поради распродажба на капацитетите и тоа токму за периодот кој што Вас Ве интересира.

ID 030

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
Download pdf brochure