Tour overview

 Термин: 28.12.2019 – 02.01.2020

 

БУДИМПЕШТА (ВИЕНА – СЕНТ АНДРЕА)

3 НП / 143€

Попустот е важечки за резервации направени до 15 Ноември

 

Будимпешта – Kралица на Дунав, преполна со култура која освојува и заведува, преполна со романтични мостови и широки булевари, улички со калдрма, живописни куќи… Со спојувањето на трите града- Будим, Обуда и Пешта во 1873 год. настанала единствената Будимпешта, денес град со околу 2 милиони жители, административен, културен, научен, трговски и сообраќаен центар на Унгарија. Будимскиот дворец, авенијата Андраши со плоштадот на хероите и Милениумската подземна железница се прогласени за светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Ако сте љубители на уметноста, архитектурата и историјата Будимпешта е вистинскиот избор за Вас.

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
ПРВ ДЕН: 28.12.2019 САБОТА – СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА

Состанок  на групата пред спортската сала Борис Трајковски  во 13.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 13.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.

ВТОР ДЕН: 29.12.2019 НЕДЕЛА – БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамско разгледување на градот : Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата “Св. Стефан”, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата “Св. Матејас”, Рибарската тврдина…  Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Сместување во хотел…  Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН: 30.12.2019 ПОНЕДЕЛНИК – БУДИМПЕШТА – ВИЕНА

Појадок. Препорачуваме  целодневна посета на Виена со попатна пауза во аутлет шопинг центарот PARNDORFF. Панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Враќање во Будимпешта. Ноќевање.

ЧЕТВРТ ДЕН: 31.12.2019 ВТОРНИК – БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА

Појадок. По појадокот факултативно заминуваме  на посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта.  Предлагаме крстарење со брод  по Дунав. Слободно време за прошетки низ центарот на градот. Дочек на Нова Година на централниот плоштад.  Враќање во хотел.   Ноќевање.

ПЕТТИ ДЕН: 01.01.2020 ЧЕТВРТОК – БУДИМПЕШТА

Појадок. По појадокот, одјавување од хотел. Слободен ден во центарот на Будимпешта. Поаѓање за Македонија во попладневните  часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

ШЕСТИ ДЕН: 02.01.2020 ЧЕТВРТОК – СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во утринските  часови.

 

ЦЕНА: 143€ до 15.11.2019
РЕДОВНА ЦЕНА: 169€
Во цената на аранжманот е вклучено:
  • Превоз со високотуристички автобус.
  • 3 ноќевања со појадок во хотел 3* НП во Будимпешта (околина).
  • Организација на аранжманот.
  • Лиценциран туристички придружник.
  • Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес.

    * Трансферот за поаѓање може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
  • Задолжително патничко осигурување  210 денари.
  • Крстарење по Дунав  20€.
  • Посета на Сент Андреа  10€.
  • Посета на Виена и  OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF  35€.
  • Влезници за музеи и културно-историски знаменитости.
  • Доплата за еднокреветна соба  3.600 денари.
  • Разглед на Будимпешта со локален водич 10€.
НАПОМЕНИ:

За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.

 Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата.

 Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари.

 За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.

 Останатите услови на патување важат според годишниот програм на БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ.

 Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.

 Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.

ВИ ПОСАКУВАМЕ СРЕЌНА НОВА ГОДИНА И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
  •